Апокалиптични сцени во оваа европска земја: Градот го собираа со багери (ВИДЕО)

Невремето што во четвртокот погоди делови од Тирол во Австрија предизвика значителна штета на неколку места.

Најтешкиот дел беше во округот Швац и околу Кицбил, каде што пожарникарите имаа полни раце работа.

Во градот Фуген во долината Цилертал, невремето беше особено силно – град оштети бројни автомобили, а порои течеа низ улиците.

На некои места, наносите од град беа толку густи што мораа да се отстранат со лопати, а на некои места дури и со багери.

Ветрот собори дрвја во областите Пила и Вера, додека во поширокото подрачје на Кицбил беа регистрирани неколку случаи на навлегување на вода во зградите, што бараше дополнителни интервенции од службите за итни случаи во попладневните и вечерните часови, пишува ORF.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде