Ужасна вест ја потресе Македонија: Невремето откорна тенда, тешко повредена 29-годишна жена
Големо невреме вчера го зафати Тетово проследено со силен ветер и пороен дожд.
Иако невремето траеше кратко, има оштетување на електричната мрежа, опаднаа дрвја, а има и оштетени автомобили.
Вчера во 16 часот во СВР Тетово, Н.М. пријавил дека на улицата „Маршал Тито“ во Тетово, пред угостителски објект, со телесна повреда се здобила К.К. (29) од Тетово.
Имено, поради невремето, К.К. стоела под тенда на угостителскиот објект, која од силниот ветер паднала, нанесувајќи и телесни повреди.
Извршен е увид од екипа на СВР Тетово.
