Македонец на чекор до победа во „Никогаш не е доцна“ – има водство, а еве како и вие да гласате

Кире Науновски од Свети Николе важи за фаворит во „Никогаш не е доцна“, а моментално и води на Фејсбук гласањето.

Тој со музика започнала да се занимава уште од 16 годишна возраст, кога почнал да пее на свадби и прослави.

Што се однесува до натпреварот, најголема поддршка има од сопругата со која е повеќе од 15 години и со која има две деца.

Во првиот круг Кире имаше голема трема, што сите го забележаа, а доби поддршка и од Тијана Дапчевиќ која тогаш беше во жирито. Кире тогаш настапи со песна од Маринко Роквиќ, а неговиот настап ги воодушеви сите кои го пофалика за генијалната изведба.

Тој во финалето се престави со преубавата песна „За Милица“ од нашиот познат пејач Наум Петрески и повторно сите ги воодушеви.

Потсетуваме, и оваа година ќе бидат избрани тројца победници – од страна на жирито, преку Фејсбук гласање и со СМС пораки.

Доколку сакате да го подржите својот фаворит и да му овозможите победа и преку Фејсбук гласањето, направете го тоа ТУКА.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде