Двајца млади мажи, на возраст од 23 и 24 години, загинаа во саботата навечер во Валчеа, Романија, откако нивниот автомобил излета од патот, удри во цевка од топлана и се запали. Возилото излетало со брзина од 185 километри на час.
Полицијата се обиде да ги запре, но возачот избега… Само 23 секунди подоцна, тие изгореа живи во автомобил што го купиле само два часа претходно.
Според романските медиуми, телата на младите мажи биле пронајдени изгорени до непрепознатливост.
Огнената стапица ги заробила Едвард, 23-годишен возач, и неговиот пријател Нарцис (24).
Неколку часа пред несреќата, Едвард купил спортски автомобил за повеќе од 30.000 евра. Сакал да се покаже со моќноста на моторот и тргнал на дивеење низ населено место во градот. Во еден момент, на еден од булеварите, радар ги снимил како возат со 185 км/ч.
Полицијата се обидела да ги запре, но Едвард притиснал на гаста… Следела потера, а во еден момент Едвард излетал од патот и удрил во цевките на блиската топлана. Силата на ударот предизвикала возилото да се запали, а никој не можел да ги извлече несреќните млади мажи.
„Неверојатно! Загинаа! Се удри во тоа метално нешто. Го удри со полна брзина и се запали. Скокнавме со противпожарни апарати, сите луѓе што беа тука. Залудно. Што ќе гасиш, брате? Гореше како пламен“, рекоа очевидци.
Ужасната несреќа се случи на излезот од Валчеа, околу 2 часот наутро. Шокантните снимки ги снимија други возачи кои минуваа и се обидоа да помогнат веднаш по судирот.
