Страотна автобуска несреќа го потресе светот – има многу загинати и повредени
Во судир меѓу два автобуса на северот од Танзанија, најмалку 38 лица загинаа, а 30 се повредени, соопштија денес официјални лица.
Судирот се случил синоќа во областа Сабасаба во регионот Килиманџаро, а автобусите се запалиле при ударот.
Претседателката на Танзанија, Самија Сулуху Хасан, денес изрази длабоко жалење и сочувство до семејствата на жртвите, како и до регионалниот комесар на Килиманџаро, Нурдин Бабу.
Таа повика на построго одржување на безбедноста во сообраќајот, а идентитетот на жртвите сè уште не е утврден.
