УХМР со најнова вест: Еве какво време не очекува оваа недела

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Времето во наредните денови

Во текот на оваа седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде