Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера во скопската општина Бутел во која едно возило заврши превртено на кров.
На местото на несреќата имало присуство на полицијата кои го обезбедувале просторот.
Очевидци велат дека по патот имало делови од семафори и делови од возилото кои се расфрлани.
Според неофицијалните информации имало и повредени лица, ама нивната состојба не е официјално потврдена од итните служби.
Повеќе детали за причините и последиците од несреќата се очекуваат денес од страна на МВР во текот на денот.
