НАЈНОВА ВЕСТ: „Размислуваме за дополнителни даноци за немажени и неженети“, вели Мицкоски

На обраќање на настанот „Демоградски трендови, предизвици и можни решенија“, премиерот Христијан Мицкоски најави мерки и борба против падот на населението и наталитетот во државата, како и бирка против масовното иселување.

„Се раѓаат помалку деца, населението старее, а младите се во потрага на подобар живот надвор од границите.

И ние не сме исклучок, но нашата состојба е посебна. Додека некои држави ја забележуваат како тренд, кај нас се смета како аларм“, рече Мицкоски, и додаде.

„Се надевам министерке Јаневска дека оваа година во читанките нема да биде јас, мама и тато, туку ќе биде јас, мама, тато, бато и дада“, изјави Мицкоски пред присутните во Влада.

Премиерот најави дополнителни мерки и политики за зголемување на наталитетот.

„Знаеме дека нема магично решение, но има постојана борба, и ние ја почнавме. Секоја мерка, секоја политика е со цел да ја вратиме вербата, и размислуваме дополнителни даноци за немажени и неженети.

Нема ништо посвето од животот, и нема ништо потажно од тоа дека нашата држава се празни. Но, нема ништо похрабро од народ што се буди. Затоа велиме дека е време за иднина, време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца, повеќче млади да стапуваат во брак и да се раѓаат повеќе деца, а оние кои се иселени да се вратат.

Едгар Моран рекол: Демографијата не е судбина, туку огледало. Прашањето е што ќе видиме во него, и дали ќе имаме храброст да дејствуваме“. Ние веќе гледаме и веќе дејствуваме, затоа што доаѓа времето на народот и граѓаните, и тоа нема да биде време на заминување, туку на враќање, не на тишина, туку на нови гласови, не на исчезнување, туку на раѓање“, изјави Мицкоски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде