„Фолксваген“ излета од патот – три лица итно пренесени во болница

На 03.07.2025 во 14.25 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на регионалниот пат Ресен-Стење, на влезот во село Царев двор,

патничко возило „фолксваген“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од 17-годишник од Ресен, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот, сопатникот С.М.(19) и малолетен сопатник, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник, сите од Ресен, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Ресен.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде