ТАЖНА ВЕСТ: Почина познатата македонска новинарка

На 62. годишна возраст вчера почина новинарката Валентина Базерко.

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува сочувство по повод смртта на колешката и радиоводителка Валентина Базерко.

Новинарската кариера Валентина ја започна во весникот „Млад борец“, а потоа се истакна како глас на Македонското радио, каде со децении работеше со страст и интегритет.

„Таа беше многу повеќе од новинар – таа беше хроничар на времето, дописник од странство, сведок на настани и глас што секогаш се бореше за правдата и достоинството на професијата.

Базерко го живееше новинарството како лична мисија – со јасен, модерен и искрен радио израз, со неуморна грижа за македонскиот јазик и култура.

Нејзиниот професионален и човечки ангажман претставуваше пример за генерации новинари“, велат од ЗНМ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде