ВОНРЕДНА ВЕСТ од Општина Карпош: Жителите на Бардовци, доколку се во можност, да го напуштат местото во наредните 5 до 6 часа

Попладнево дел од територијата на Општина Ѓорче Петров, поточно кај Волково, беше зафатен од пожар за кој постои сомневање дека е намерно предизвикан. Огнот потоа се прошири преку реката Лепенец и зафати дел од атарот на населеното место Бардовци.

Иако пожарот беше локализиран од страна на противпожарните екипи, густ црн чад сè уште се шири, а поради ветерот, целата насока оди кон Бардовци. Дополнителна опасност претставува и пожарот во Блаце, каде гори нискостеблеста шума и огнената линија се шири со голема брзина.

Од Општина Карпош апелираат жителите на Бардовци, доколку се во можност, да го напуштат местото во наредните 5 до 6 часа.

„Густиот црн чад претставува сериозна опасност, особено за малите деца, лица со респираторни проблеми и срцеви болести. Препорачуваме жителите, ако имаат можност, во следните неколку часови да бидат надвор од населбата, додека не се изгаснат пожарите,“ наведуваат од Општина Карпош.

„Будно ја следиме ситуацијата и сме во координација со сите надлежни служби. Ќе продолжиме да ја информираме јавноста со точни и навремени информации,“ додаваат од Општината.

Тие апелираат до граѓаните за зголемена претпазливост, а сите сомнителни активности или нови пожари да ги пријават веднаш до надлежните институции.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде