Славчо Попоски најавува врнежи од снег – ЕВЕ КАДЕ

Метео анализа на Славчо Попоски:

Ланиот бран од северозапад пристигна до централен Балкан и во следните часови ќе започне полека да ја зафаќа и Македонија.

Сето ова ќе биде проследено со повремен локален дожд во западните и во северните предели на државата и со силен ветер, во западните предели од западен и од југозападен правец, а во северните предели од северен правец.

Ветерот повремено и локално ќе постигне брзина до околу 60/70 км/час, соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.

„Вечерва температурите нагло ќе се спуштат, за околу 15 степени во споредба од оние температури кои ги имавме до вчера, вторник, 8 јули. Најсвежо преку ден ќе биде утре, четврток, 10 јули, кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 23 до 31 степен во Повардарието, односно во најтоплите предели од нашата Македонија.

Веќе следните утрини ќе бидат  и многу посвежи со температури кои на многу места ќе се спуштаат до и под 10 степени Целзиусови, а во Беровско и во останатите повисоки места и планини тие ќе се спуштаат дури и до околу 5 степени, што значи дека наутро ќе ни биде потреба  и нешто потопла облека.

Инаку, во следните часови снег се очекува и на високите планини од централен Балкан, односно особено на високите планини во Босна и Херцеговина, додаде Поповски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде