Болката е огромна: Потресна објава на таткото на трагично настраданиот тапанар од ДНК, Ѓорѓи Ѓоргиев

Таткото на трагично настраданиот тапанар од ДНК, Ѓорѓи Ѓоргиев, Драги Ѓоргиев, сподели емотивна порака.

Имено, тој на својот профил на Фејсбук сподели стара снимка на која е неговиот починат син.

На снимката се гледа како неговиот син со тапаните ги развеселува гостите, а ужалениот татко напиша:

Ангелче, срце на тато“ напиша Драги во описот.

Тој пред само неколку дена сподели и една тажна објава од една Фејсбук страница од Струмица, посветена на неговиот син.

Секој чекор во неговиот живот беше исполнет со љубов кон уметноста и со почит кон луѓето. Не беше само музичар, беше пријател, брат, сосед, кој никогаш не штедеше време и внимание за другите. Ништо не му беше потешко од болката на друг човек, затоа, со секој свој ритам, се трудеше да го направи светот помалку суров“, пишува во објавата за младиот музичар.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде