Тешка сообраќајна несреќа, три лица итно пренесени во болница

На сервисната улица која ги поврзува булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ и улицата „Бутелска“ во Скопје,

завчера околу 12:40 часот се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.

Според информациите на МВР, во несреќата учествувале возило „Фолксваген Туран“ со скопски регистарски таблички, управувано од 53-годишниот М.Ч. од Скопје и возило „Пежо“, исто така со скопски ознаки, управувано од 25-годишниот М.Н. од село Стајковци.

Во судирот тешко телесно е повредена сопатничката од „Пежото“, 53-годишната В.В. од Скопје. Возачите на двете возила се здобиле со телесни повреди.

Сите повредени се пренесени на лекарска помош во ГОБ „Св. Наум Охридски“ и на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

На местото на несреќата извршен е увид од страна на увидна екипа на СВР Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде