Предупредување: Доаѓа силен дожд, засилен ветер и грмежи

Локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер за утре попладне прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи.

Како што соопшти, наместа процесите ќе бидат поинтензивни.

Потоа, во следните два дена (среда и четврток), ќе преовладува сончево и многу топло време и максимална температура до 39 степени, со мала до умерена локална облачност.

-Поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, во петок времето ќе биде променливо облачно, малку посвежо и ветровито со услови за локален дожд.

Во деновите од викендот ќе биде стабилно со пораст на дневната температура, информира УХМР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде