Досега незапаметени поплави опустошија делови од Каталонија, а цели области околу Барселона се под вода, откако низ нив помина страотна буица која носеше автомобили и корнеше дрвја.
Обилните дождови предизвикаа поплави и во Барселона, каде под вода е болница во која не се примаат пациенти поради вонредната состојба и прекинот на струјата во објектот.
На аеродромот во каталонскиот град, авион што полетал кон САД морал да се врати откако бил оштетен од град, пишуваат медиумите.
Снимките објавени на социјалните мрежи сведочат за силата на невремето.
Погодени се и неколку други области во Шпанија, а според досегашните информации, досега во целата земја се повредени неколку десетици лица, но нема загинати.
Severe flooding caused by torrential rainfall in Igualada, Barcelona Province, Spain 🇪🇸 (12.07.2025) pic.twitter.com/A2bn2ifoDC
— Disaster News (@Top_Disaster) July 12, 2025
