УХМР ја објави прогнозата за следните денови – еве кога ќе има врнежи од дожд

Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност, освен во еден ден, кога во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Прогноза за 15.07.2025
Минимална температура: 10°C до 19°C
Максимална температура: 30°C до 38°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 16.07.2025
Минимална температура: 11°C до 20°C
Максимална температура: 30°C до 38C

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 17.07.2025
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 31°C до 39°C

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде