Важна информација: Овој патен правец е затворен за сообраќај поради тешка сообраќајна несреќа

Се уште е во прекин сообраќајот на патот Кочани – Македонска Каменица,

поради што за сите кои патуваат од Кочани кон Делчево се препорачува алтернативниот патен правец преку с.Бигла.

Поради превртена камионска приколка од 18:00 часот сообраќајот на магистралата А3 (Кочани – М.Каменица – Делчево) беше прекинат за сообраќај !

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде