Беше голема ѕвезда, но нејзиното срце не издржа
Во моментот кога доживеала срцев удар, предизвикан наводно од инјекција за убавина, таа не била сама дома, туку со семејството. Нејзиниот сопруг веднаш ја однел во болница, но докторите иако направиле се’, не можеле да ја спасат.
Шефали Џаривала е позната индиска актерка и модел, најмногу позната по индиските музички спотови и филмови.
Стана популарна со појавувањето во ремиксот на спотот Каанра Лага од 2002 година, заради кој и ја нарекуваа Каанта Лага девојка.
Таа потоа се појави и во неколку познати индиски филмови, како и во бројни телевизиски ријалити емисии познати во Индија.
Во некои од овие емисии се појавуваше и со сопругот Парага Тјагиј, а во 2019 беше дел и од Биг Бос, индиска верзија на Големиот брат.
Беше позната и на социјалните мрежи каде има преку 3.5 милиони фанови, а се има појавено и во бројни реклами.
