ВОНРЕДНО Регистриран силен земјотрес со јачина од 7,2 степени – еве каде е епицентарот
Силен земјотрес со јачина од 7.2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди полуостровот Алјаска,
со епицентар лоциран на околу 59 километри јужно од градот Сенд Поинт и на 949 километри јужно-југозападно од Анкориџ.
Земјотресот се случил во 12:37 часот по локално време (20:37 UTC), на длабочина од 10 километри.
Алјаска често е погодена од силни земјотреси, бидејќи се наоѓа на границата меѓу Пацифичката и Северноамериканската тектонска плоча.
