Малолетник го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утринава на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, во близина на населбата Рача.
Несреќата се случила околу 1:40 часот, кога мопед управуван од 16-годишно момче од Охрид излетал од коловозот и удрил во метален столб, на потегот меѓу Рача и стариот влез за хотелот „Парк“.
Возачот се здобил со тешки повреди и бил пренесен во Општата болница во Охрид, каде подоцна им подлегнал на повредите.
Со тешки повреди се здобил и неговиот сопатник, исто така 16-годишник од Охрид, кој е хоспитализиран во Специјалната болница „Св. Еразмо“.
Увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид по наредба на јавен обвинител.
