БМВ излета од патот, тројца малолетници пренесени во болница

Тројца малолетници се повредени откако возило „бмв“ управувано од 16-годишник излетало од пат во велешко. 

– На 16.07.2025 околу 21.40 часот во СВР Велес е пријавено дека на ул.„Раштански пат“ во правец од с.Бузалково кон с.Раштани, велешко, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од село Бузалково, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот 17-годишен сопатник од с.Бузалково, а со телесни повреди се здобиле малолетниот возач и уште еден 16-годишен сопатник од с.Бузалково, констатирани во Општата болница Велес, известија од полицијата во денвниот билтен. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде