УХМР утрово со најнова вест: Еве какво ќе биде времето во следните денови

Сончево и малку посвежо денеска со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Од сабота следува период на сончево и многу топло време со пораст на дневните температури. Особено топло ќе биде во првата половина од следната седмица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде