Страотни сцени од местото на несреќата – има повредени

Тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера предизвика километарска колона на влезот кон Скопје од правец на Куманово.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека сообраќајната несреќа се случила денеска околу 10:35 часот на автопатот Куманово – Скопје, во близина на хотелот „Белви“.

Во несреќата учествувале товарно моторно возило „Ивеко“ со скопски регистарски таблички, управувано од С.Д. (54), патничко возило „Ауди“ со скопски регистарски таблички, управувано од Д.Р. (31), и патничко возило „Голф“ со кумановски регистарски таблички, управувано од С.А.

Возачот на „Голфот“, С.А., со возило на Итната медицинска помош е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Извршен е увид од страна на МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде