Вонредно обраќање на Славчо Попоски: Ќе ги објавам сите јавно и ќе пријавам во полиција!

Метео прогнозерот Славчо Попоски со вонредно обраќање:

Ајде да видиме тастатурски јунаци, дали спиете мирно?! Една многуу важна информација:

Со оглед на тоа дека одредени личности и тоа по мојата прва пријава во полиција за озбилни навреди и вознемирувања упатени кон мене продолжија со истото, да навредуваат и пишуваат се и сешто и да ме вознемируваат.

Од моја страна следува јавно објавување на истите тие личности, но и нови пријави во најблиската полициска станица во моето место на живеење.

Се гледаме!, напиша Попоски на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде