Почина основачот на партијата Подем и ОО Подем Штип, Тоше Тулиев. Беше дел од советот на општина Штип и беше дел од одборот на директори на АД Водостопанство.
„Ин мемориам Тоше Тулиев (1964-2025)“
Основач на ПОДЕМ и ОО ПОДЕМ Штип, Член на Совет на општина Штип (2013-2017, 2017-2021)
Со длабока тага го испраќаме во неговиот вечен дом нашиот драг пријател и соборец Тоше Тулиев. Тоше остави длабока и неизбришлива трага со својата посветеност, мудрост, доблест и искрена грижа за заедницата.
Ќе го паметиме по неговата човечност, чесност и верба во подобро и поправедно општество. Нека му е вечна слава и нека почива во мир“, се вели во објавата на неговата партија.
