Доцна попладнево, на пешачката патека меѓу хотелот „Инекс“ и излезот кон плажата во Охрид, е пронајдено безживотно тело на маж.
Според првичните и неофицијални информации, лицето е идентификувано и се работи за маж кој, наводно, имал здравствени проблеми.
Се претпоставува дека причината за смртта е срцев удар.
Локацијата на која е пронајдено телото се наоѓа во непосредна близина на претседателската вила.
Местото е обезбедено, а полициски екипи вршат увид.
