Дете пронајдено во безсознание во базен во семеен двор во Македонија

На 20 јули 2025 година, околу 20.30 часот, во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во Општата болница „Борка Талески“ е донесено едноиполгодишно дете во безсознание.

Според пријавата, родителите С.И. и Б.Т. од село Заполжани, општина Долнени, го пронашле детето во базен во нивниот двор и веднаш го однеле во болница.

По укажаната лекарска помош во Прилеп, детето е префрлено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде