Последно збогум за Зоран Георгиевски (Зоки Задарски)
Со тага ја пренесуваме веста за смртта на Зоран Георгиевски (1967–2025), кој почина на 19 јули 2025 година, објави Делчево 365.
Зоран беше познат спортски работник во Делчево и долгогодишен поддржувач на младинскиот спорт.
До пред неколку години активно го водеше кошаркарскиот клуб „Фер Плеј“, каде што многу делчевски дечиња ги направија своите први чекори во светот на кошарката.
Со својата посветеност, ентузијазам и љубов кон спортот, остави траен белег во заедницата.
Погребот ќе се одржи на 21.07.2025 година (понеделник) на Градските гробишта во Делчево со почеток во 11:00 часот, а телото ќе биде изложено во капелата од 09:00 часот.
Нека му е вечна слава !
