Регистриран земјотрес со јачина од 7,4 степени – еве каде е епицентарот

Регистриран земјотрес со јачина од 7,4 степени – еве каде е епицентарот

Во источниот дел на Русија, недалеку од брегот на полуостровот Камчатка, регистриран е силен земјотрес со јачина од 7,4 степени, јавува Американскиот геолошки завод (USGS).

Потресот се случи во неделата и беше проследен со уште два последователни земјотреси, со магнитуди од 6,7 и 5 степени, сите во интервал од 32 минути.

Епицентарот на најсилниот земјотрес бил сместен околу 140 километри источно од Петропавловск-Камчатски, административниот центар на регионот Камчатка, каде што живеат повеќе од 160.000 луѓе. Според USGS, земјотресот се случил на релативно плитка длабочина од 20 километри.

Како последица на серијата потреси, американскиот Национален центар за предупредување од цунами издаде предупредување за потенцијални бранови за делови од рускиот Далечен Исток, додека претходно издаденото предупредување за Хаваи беше повлечено.

Сеизмолошкиот центар на Германија (GFZ) иницијално го регистрираше потресот со јачина од 6,7 степени, но подоцна ја ажурираше информацијата и ја потврди магнитудата од 7,4 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде