ИТЕН СОСТАНОК НА ЛОКАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ВО БЕРОВО, ПОРАДИ ПОЖАРОТ КОЈ ОД ВАСИЛЕВО СЕ ПРЕФРЛИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА БЕРОВО, објави градоначалникот Пекевски.
Поради сериозната опасност од пожарот, кој се прошири од територијата на Општина Василево кон Општина Берово, вечерва, итно, во салата на Општина Берово, одржавме состанок со Локалниот совет за превенција.
На состанокот присуствуваа претставници од сите надлежни институции, вклучувајќи го Центарот за управување со кризи, Територијалната противпожарна единица, JПКР ,,Услуга” , Полициската станица Берово, Шумска полиција, ЈП Национални шуми – Берово, Дирекција за заштита и спасување, Здравствен дом Берово, како и претставници на Општина Берово.
Целта на состанокот беше координација и договор за итни и превентивни мерки кои ќе бидат спроведени уште од раните утрински часови, утре, со цел спречување на понатамошно ширење на огнената стихија и заштита на населението и природните ресурси.
Безбедноста на граѓаните е наш приоритет. Потребна е координирана и брза реакција од сите инволвирани страни.
Граѓаните се повикуваат на зголемена внимателност, да не се движат во шумски предели и да пријавуваат било какви индиции за ново избувнување на пожар.
Општина Берово ќе продолжи со будно следење на состојбата и ќе ги превземе сите мерки за заштита.
