Попладнево, на плажата кај Каваја, во близина на Драч, Албанија, се удави македонски државјанин.
Немилиот настан се случил во 19 часот, кога 66-годишен жител на Северна Македонија се удавил во морските води.
Според првичниот наод на албанската полиција, странскиот турист доживеал срцев удар веднаш по влегувањето во морето.
Откако бил забележан, други лица од плажата веднаш се упатиле кон давеникот, а интервенирала и итната помош.
Сепак, медицинската екипа на терен само ја констатирала смртта на македонскиот државјанин.
