Мицкоски со најнова вест за линеарното зголемување на пензиите

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува да се изгласа линеарното зголемување на пензиите, што е барање на пензионерите.

-Тој процент согласно закон кој треба да се зголеми да биде линеарно распредeлен на сите корисници на пензии.

Денеска на седница на Владата би требало предлог-законското решение да помине и да биде испратено до парламентот.

Очекувам парламентот пред распишување на локалните избори тоа да го изгласа позитивно, истакна Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде