ТАЖНА ВЕСТ: Почина познатиот новинар, сопственикот, директор и главен уредник на новинската агенција ФоНет

Сопственикот, директор и главен уредник на српската новинската агенција ФоНет, Зоран Секулиќ, почина по кратко боледување на 67-годишна возраст, јавуваат српските медиуми.

Зоран Секулиќ, кој е роден на 6 септември 1958 година во Белград, а во 1981 година дипломирал на Меѓународниот правен факултет на Универзитетот во Белград својата професионална новинарска кариера ја започнал во 1982 година.

Секулиќ е основач на новинската агенција ФоНет, првата приватна новинска агенција со независна уредувачка политика, која започнала со работа на 7 февруари 1994 година во соседна Србија.

Беше член на Управниот одбор на Медиумската асоцијација, најголемото деловно здружение на издавачи на весници, новински агенции и портали во Србија, и член на Управниот одбор на Советот за печат.

Во септември 2011 година, тој беше преговарач на српската медиумска заедница (Медиумска асоцијација, НУНС,УНС, НДСВ и Локален печат) со Владата на Србија, за време на изготвувањето на првата Медиумска стратегија.За неговиот придонес во медиумските реформи во Србија, ОБСЕ го награди како личност на годината во 2012 година.

Со указ на претседателот на Република Франција, Франсоа Оланд, Зоран Секулиќ беше одликуван со Легија на честа во чин витез. Престижната француска награда, востановена од Наполеон Бонапарта, му беше доделена на Секулиќ по предлог на францускиот министер за надворешни работи и меѓународен развој, Жан-Марк Еро.

Во 2020 година, претседателот на Германија, Франк Валтер Штајнмаер, му го додели на Зоран Секулиќ Орденот за заслуги на Сојузна Република Германија.

Жирито на Лигата на експерти (LEX) на Србија, која ги обединува еминентни експерти од областа на правото, економијата, социологијата, политичките науки, културата, образованието, екологијата и медицината, му ја додели наградата „Витез на повикот“ во 2022 година.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде