Трагедија го потресе светот: Автобус со рудари падна во клисура – 13 загинати, 20 повредени

Во далечната источна руска република Јакутија, автобус што превезувал рудари излета од патот и падна во клисура длабока 25 метри, при што загинаа 13 лица, а 20 се повредени.

Несреќата се случила околу 3:20 часот наутро кога возачот ја изгубил контролата врз возилото.

Сликите од местото покажуваат превртен автобус покрај каллива локва и оштетена метална ограда покрај патот.

Патот каде се случила несреќата води до рударско-преработувачкиот погон Денисовски, кој се занимава со рударство и производство на јаглен.

Рускиот истражен комитет отвори истрага за можно непостапување со должна внимателност, додека регионалните власти прогласија вторник за ден на жалост.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде