ТРАГЕДИЈА: Маж од Македонија се удави во Грција

На плажата Карианис во близина на грчкиот град Кавала, вчера починал 80-годишен македонски државјанин и покрај укажаната прва помош, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Крајбрежната служба на Грција соопштија дека вчера во попладневните часови,

биле информирани дека „80-годишен странски државјанин на (државјанин на Република Северна Македонија) бил извлечен во бессознание од плажата“, му била укажана прва помош,

а потоа со амбулантно возило на брзата помош бил пренесен во Општата болница во Кавала, каде што лекарите констатирале смрт.

Според информациите на МИА, 80-годишниот ја загубил свеста додека бил во морето, по што останатите капачи побарале помош, а обдукцијата ќе покаже која е причината за смртта. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде