Ветерот си го прави своето – Пожарот се шири со голема брзина, во опасност се објекти

Гори планината Готен во Берово, се шири голем пожар, тешки услови за гасење. Огнената линија е широка и неконтролирана, а пожарот се шири со голема брзина.

Командирот на Територијалната противпожарна единица Берово, Димитар Гошевски, изјави дека сите расположливи сили се на терен за да го изгаснат пожарот, но ветерот и тешкиот терен го отежнуваат гасењето.

,,Oд вчера пожарот од струмичко е навлезен во Берово, поточно на планината Готен. Од страна на ТППЕ Берово е излезено на терен, како и македонски шуми, имаме подршка и од армијата. Ветерот си го прави своето, голема е огнената линија. Се става се што може под контрола, мегутоа огнената линија е голема. Се работи за нискостеблеста дегредирана, букова шума, дел дабова шума, различен е теренот. Истито е тешко достапен, само со жива сила, само со гребла.“, рече Гошевски

Во близина на пламените јазици има викендици, пчеларници, стари колиби, рече командирот Гошевски. Истакна дека тие се во опасност.

Инаку, пожарот е точно на тромеѓејто помеѓу Општина Берово, Општина Василево и Општина Радовиш, а истиот е навлезен во наведените општини. Командирот Димитар Гошевски е дециден дека пожарот ќе биде изгаснат, но поради непристапниот терен и ветерот ќе бидат потребни уште неколку дена.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде