ВОНРЕДНА ВЕСТ: Најавени врнежи во Македонија – ЕВЕ КОГА

Македонија ја очекуваат уште неколку дена екстремна горештина, со температури што ќе достигнат до 45°C, што ќе биде најтоплата точка на летото.

Временската промена ќе настапи по викендот, со дождови и значително заладување.

Од среда, 23 јули, до недела, 27 јули, се најавува стабилно, суво и исклучително жешко време. Утринските температури ќе се движат околу 20°C, додека дневните максимални ќе растат од 41°C во среда, 43°C во четврток, до рекордни 45°C во петок, 25 јули.

Високите температури ќе продолжат и за време на викендот, кога во сабота ќе се измери 44°C, а во недела малку поподносливи 41°C.

Промената ќе настапи во понеделник, 28 јули, кога се очекуваат локални врнежи и опаѓање на дневната температура до 35°C. Во вторник, 29 јули, дождовите ќе продолжат, а максималната температура ќе падне на 28°C, што ќе биде првпат по долго време под 30 степени.

Граѓаните се советуваат да внимаваат на здравјето, да избегнуваат престој на сонце во најжешките часови и да внесуваат доволно течности, особено до крајот на неделата кога топлотниот бран ќе биде најинтензивен.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде