Земјотрес со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран денес во 16:26 часот по локално време во Грција.
Како што објави Грчкиот геодинамички институт, епицентарот на земјотресот бил во морското подрачје 21 километар југоисточно од островот Антикитера,
кој се наоѓа помеѓу јужниот крај на Пелопонез и северозападниот брег на Крит , објави грчкиот јавен сервис ЕРТ.
Според првите податоци, жариштето на почвата е измерено на длабочина од 58,6 километри.
Земјотресот бил почувствуван на Крит , Пелопонез и Атика.
