По долго боледување, на 33-годишна возраст почина Никола Шабат.
Познатиот хармоникаш од Панчево седум години водеше битка со сарком на меките ткива, а колегите во неколку наврати собираа помош за негово лекување.
Тажната вест на социјалните мрежи ја споделија неговите пријатели.
Никола храбро се бореше со години и никогаш не побара помош од другите.
Тој беше одличен хармоникаш и омилен колега меѓу музичарите“, напишаа тие.
