77-годишен државјанин на Македонија загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на автопатот Егнација, на делницата Сјатиста – Кристалопиги, во близина на Кожани.
Според информациите објавени од грчките медиуми, несреќата се случила неколку минути по 14 часот,
кога возило управувано од 49-годишен Грк се судрило со возило од спротивна насока, во кое патувале 77-годишниот маж и 70-годишна жена од Северна Македонија.
Мажот починал на самото место, додека жената, која му била сопатник, се здобила со полесни повреди.
Возачот на другото возило е приведен, а полицијата спроведува истрага за причините за несреќата.
