Важна информација за сите кои патуваат: Во прекин е сообраќајот на овој патен правец

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.

Денеска во временски период од 09:00 до 14:00 часот поради обезбедување на велосипедска трка, сообраќајот од центар на град Куманово по улицата 3-та МУБ, обиколница за Свети Николе,

магистрален пат Куманово – Крива Паланка и по регионален пат Куманово граничен премин Пелинце до Меморијален центар АСНОМ во село Пелинце ќе биде во прекин.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде