ВОНРЕДНО: Исчезна патнички авион со околу 50 лица во регионот на Амур

Контролорите на летање изгубија контакт со патнички авион „Ан-24“ со околу 50 луѓе на далечниот исток на Русија, а потрагата е во тек, изјави регионалниот гувернер Васили Орлов.

Локалното министерство за вонредни ситуации соопшти дека авионот на авиокомпанијата „Ангара“ со седиште во Сибир се изгубил од радарите додека се приближувал кон својата дестинација Тинда, град во регионот Амур, што се граничи со Кина.

Времето во областа на исчезнувањето било лошо, објави руската новинска агенција „РИА новости“.

Орлов кажа дека во авионот имало 43 патници, вклучувајќи пет деца и шест члена на екипажот.

„Сите потребни сили и средства се ангажирани во потрагата по авионот“, кажа Орлов.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде