150 возила заглавени во мракот, возачите бесни и нервозни – ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА за сите кои вечерва патуваат

Две долги колони од над 150 автомобили веќе 40 минути стојат во место на граничниот премин Ќафасан, во обид да влезат во Македонија.

Возачите, очајни и нервозни, постојано свират, како да одат на свадба, а не во обид да преминат граница.

На терен владее хаос: осветлување на преминот нема – ниту една ламба не работи, што целата сцена ја прави уште понереална.

„Како да сте влезени во епизода од ‘Зоната на самракот’“, коментираше еден од возачите.

Патниците прашуваат: Зошто е толку тешко да се влезе во сопствената земја? Додека институциите молчат, граѓаните се борат со темнината, нервозата и прашањето – дали ова е навистина европски пат?

Очигледно, туристичката сезона е на својот врв, но капацитетите и организацијата на граничните служби – очигледно не се.

Извор:Рацин.мк

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде