Денеска во 02.00 часот по полноќ во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци-Неготино,
пред влез во село Марена, кавадаречко, патничко возило „мерцедес“ со неготински регистарски ознаки, управувано од С.П.(22) од село Тремник, неготинско, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Кавадарци, известија од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кавадарци.
