Нова трагедија во Грција: Се задави 20-месечно девојче, лекарите не успеале да го спасат

Трагедијата се случи синоќа во Ираклион, Крит, кога 20-месечно девојче се задави додека јадеше сувлаки.

Девојчето зело парче месо додека семејството вечерало. Детето се задавило и веднаш било однесено во болницата Венизелио.

Според информациите доставени до „Cretalive“ од директорот на болницата лекарите успеале да извадат парче сувлаки од нејзините дишни патишта и вршеле кардиопулмонална реанимација повеќе од еден час, но не можеле да ја одржат во живот, објавува „Прототема“.

Во истиот град во среда попладне, се удави 11-годишно дете.

Пливачите се обидуваа да му помогнат сè додека не пристигна брзата помош.

Малото дете беше однесено во болница, но и покрај напорите на лекарите, почина.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде