Трагична вест: Починато бебе донесено во болница
Во СВР Велес, од Општа болница Велес завчера утрото во 8:30 часот било пријавено дека на Детското одделение
било донесено починато деветмесечно бебе од село Сливник, велешко, кое претходно имало здравствени проблеми.
Како што информираа од СВР Велес, портпаролот Биљана Ѓаковска, лекар констатирал смрт без траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител телото на починатото бебе било дадено на обдукција.
