Нов голем пожар во Македонија – ситуацијата е критична поради високите температури и силниот ветер

Голем шумски пожар беснее во регионот на Преспа, на албанско-македонската граница,

а според извештаите од „Топ чанел“, ситуацијата е критична поради високите температури и силниот ветер кој дополнително го шири огнот.

Пожарникарски единици од општина Пустец, јавни служби и граничната полиција се веќе на терен и се обидуваат да ја стават огнената стихија под контрола. Дел од теренот е тешко пристапен, што ја отежнува интервенцијата.

Овој регион, особено Сува Планина во рамки на националниот парк „Преспа“, не е првпат зафатен од пожар – минатата година во истиот период беа опожарени над 300 хектари.

Надлежните апелираат за внимателност и соработка од граѓаните, додека се прават напори да се спречи преминување на пожарот кон македонската страна.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде