Страшна е глетката на планината Готен, гори и од беровска, и од струмичка и радовишка страна.
Сите служби на терен, а помош има и од бе те ер, хермелините, армијата и полицијата.
Како што истакнаа пожарникарите од ТППЕ Берово за нашата телевизија, во моментот од беровска страна останува да се стави под контрола уште една точка, но додаваат дека најкритично засега е од радовишка страна, каде теренот е непристапен.
Според нив, ситуацијата е доста критична, а гори сувата трева и високо стеблеста шума. Од ЦУК, пак информираат дека во моментот има вкупно 10 активни пожари.
Покрај во Општина Василево, Радовиш и Берово, гори и на планината Серта кај села Драгоево и Селце, каде гори нискостеблеста и деградирана шума.
Додаваат дека под контрола е пожарот на планината Плачковичковица кај село Јунузлија.
