Се судрија трактор и товарно возило – има повредени

Се судрија трактор и товарно возило – има повредени

На 26.07.2025 во 04.30 часот во ОВР Виница било пријавено дека на регионалниот пат, поточно на делницата „Пекланска крстосница-Бигла“ во атар на с.Трсино, виничко,

се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген транспортер“ со винички регистарски ознаки, управувано од Д.И.(64) од Виница и трактор „ИМТ 539“ без регистарски ознаки, управуван од Р.А.(69) од с.Трсино.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на тракторот Р.А. и неговата  69-годишна сопатничка В.А. од с.Трсино, констатирани во Општа болница Кочани.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде